Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА

Проектот е дизајниран да придонесе за заштита на животната средина на сливот на Песпанското Езеро вклучувајќи го големото Преспанско Езеро во општина Ресен и малото Преспанско Езеро во општина Девол.

 

Име на проектот: Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА

Финансиран од Европска Унија

ИПА КомпонентаИПА 2, Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија (www.ipacbc-mk-al.eu)

Временска рамка: 30 месеци

 

Почеток на проектот: 15.12.2021

 

Завршување на проектот: 14.06.2024

 

Водечки апликант и ко-апликанти:

Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ)

Организација за управување со дестинации (DMO)

Општина Ресен

Општина Девол

 

 

Позадина:

Сместена во Југоисточна Европа, Преспа формира единствен триграничен басен на висока надморска височина што го делат Албанија, Грција и Северна Македонија. Сливот зафаќа вкупна површина од 1 519 km2 и опфаќа две меѓусебно поврзани тектонски езера – Големо и Мало Преспанско – и нивните околни планини. Сепак, несоодветните човечки практики во сливот доведуваат до влошување на природните ресурси. Главните закани за екосистемот вклучуваат: загадување на водата и почвата, уништување на шумите, ерозија на почвата, исцрпување на резервите на риби и губење на биолошката разновидност (TDA, 2009). Имајќи предвид дека главниот предизвик во заштитата на животната средина во сливот на Преспанското Езеро се вештачките инпути за загадување на водите во езерото, во изминатиот период проектите и иницијативите што беа преземени главно беа насочени кон намалување на земјоделските инпути. постигнато преку преминот кон поеколошки методи на одгледување. Овие иницијативи беа поврзани главно со монокултивирањето на гравот во Грција и воведувањето на добри земјоделски практики во производството на јаболка во Република Северна Македонија. Неодржливите практики за управување со земјоделството, рибарството, водите и шумите предизвикуваат шок врз здравјето на екосистемот на Преспанскиот слив. И покрај тоа што се направени многу проекти и планови за заштита на Преспанското Езеро почнувајќи од програмите на УНДП и програми од други донатори како ЕУ и Швајцарската агенција за развој, езерото се уште страда од загадување и еутрофикација. Од другата страна на границата, во Малото Преспанско Езеро се преземени многу малку конкретни мерки за негова заштита. Малото Преспанско Езеро е дел од Националниот парк Преспа (НПП) во Албанија и се дели меѓу Албанија и Грција. Преспанските Езера, Големото и Малото, се едни од најстарите и највисоките тектонски езера во Европа. Тие се наоѓаат на околу 850 m надморска височина и се опкружени со високи планини над 2000 m. Инвазијата на трска во Малото Преспанско Езеро се јавува поради отстапување на реката Девол кон Мало Преспанско Езеро во времето на комунизмот, со цел да се собира вода во текот на зимата и да се користи во текот на летото за наводнување на корчанското поле. Лошиот дизајн и неисправноста на декантацијата доведува до акумулација на алувиони во коритото на езерото. Имајќи предвид дека водата од Малото Преспанско Езеро се влева во Големото Преспанско Езеро, со што загадувањето го носи и таму, потребно е да се преземат конкретни активности за заштита на двете езера.

 

 

Кратка содржина на проектот:

Проектот е дизајниран да придонесе за заштита на животната средина на сливот на Песпанското Езеро вклучувајќи го големото Преспанско Езеро во општина Ресен и малото Преспанско Езеро во општина Девол. За да се заштити сливот на Преспанското Езеро, потребни се активности за да се придонесе за спречување на негативните ефекти на антропогените процеси врз животната средина, зголемено одржливо користење на природните ресурси и подобра заштита на животната средина. Ова ќе се постигне преку: Развој на инфраструктурни активности, односно изградба на пречистителни станици со канализациски системи на сливот на Преспанското Езеро и воведување на нов онлајн систем за следење на квалитетот на водата. Активности за подигање на свеста кај населението. Активности за градење капацитети за управување со отпадни води. Станиците за отпадни води заедно со канализациониот систем ќе се градат во двете земји или поконкретно во селото Долно Перово во општина Ресен и селата Заградец, Шуец и Ракицке во општина Девол. Прочистителната станица ќе придонесе за намалување на отпадните води што се влеваат во големото и малото Преспанско Езеро што ќе влијае на намалувањето на еутрофикацијата на езерото што е најголем проблем на езерото. Новиот онлајн систем за мониторинг ќе овозможи на двете општини да имаат пристап до информациите за квалитетот на водата во двете езера. Ова ќе им овозможи на властите навремено да реагираат кога е потребно и ќе ја зголеми ефективноста на акцијата. Од страна на младите ќе биде развиена кампања за подигање на свеста на локалното население и земјоделците во Ресен и Девол за заштита на животната средина и намалување на употребата на ѓубрива и пестициди кои го загадуваат езерото и дополнително предизвикуваат еутрофикација. Со цел да се зголеми ефективноста на акцијата и навистина да се обезбеди постигнување на целокупното влијание, јавните комунални претпријатија ќе имаат зголемени капацитети за управување со пречистителните станици и користење на системот за мониторинг. Активностите за подигање на свеста и градење капацитет ќе го променат ставот на релевантните чинители и населението што ќе резултира со подобрување на нивниот кодекс на однесување.

Крајни корисници: Луѓето од Општина Ресен и Општина Девол

Локација на акцијата:

Општина Ресен, Република Северна Македонија

Општина Девол, Република Албанија

Главна цел: Да придонесе за спречување на негативните ефекти на антропогените процеси врз животната средина, зголемено одржливо користење на природните ресурси и подобра заштита на животната средина во сливот на Преспанското Езеро.

Цели на проектот:

1. Да се подобри третманот на отпадните води за населението во општина Ресен и општина Девол;
2. Да се зголеми знаењето на населението за поволностите од управувањето со отпадните води и заштитата на животната средина според ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.