Изминатиов период, тим на нашата организација во рамките на проектот “Акции против родово базирано насилство во руралните предели на Долнени” за вовед во правниот систем и преземање на мерки против родово базирано насилство организира шест работилници во следните шест села: Дебреште, Лажани, Житоше, Црнилиште, Ропотово и Долнени.
Изминатиов период тим на нашата организација во рамките на проектот “Акции против родово базирано насилство во руралните предели на Долнени” за вовед во правниот систем и преземање на мерки против родово базирано насилство организира шест работилници во следните шест села: Дебреште, Лажани, Житоше, Црнилиште, Ропотово и Долнени. Целта на овие работилници беше да се запознае локалното население за законската регулатива во нашата држава која го регулира смејството, семејните односи и насилството. Овие работилници придонесоа кон подобрување на разбирањето на важноста на помошта секогаш кога се случува насилство против жените. Овие работилници ги водеше адвокатот ангажиран во овој проект.
Покрај овие шест работилници беа организирани и други 6 работилници во следниот период со фокус на обезбедување на психолошка помош и семејна терапија. Работилниците беа организирани со цел да се обезбеди правна и психолошка помош на жените – жртви од родово насилство.
Овие работилници се дел од активностите на проектот “Акции против родово базирано насилство во руралните предели на Долнени” имплементиран од Центар за граѓанска иницијатива во партнерство со Луна Тринити, финансиран од Германска амбасада.