Работилница за Акционен план за управување со онлајн системот и пречистителни станици во општините Ресен и Девол

Во просториите на Општина Девол се одржа работилница, за развој на прекуграничен акционен план за управување со онлајн системот и пречистителните станици на општина Ресен и Девол.

На работилницата учествуваа претставници од општините Ресен и Девол и комуналните претпријатија од овие општини. Се разгледуваше структурата на Акциониот план и законската регулатива во двете држави која се однесува на оваа област. Учесниците на работилницата ги презентираа своите искуства, размислувања и имаа низа на предлози.

На средбата беше договорено да биде испратена  последната верзија на Акциониот план кај учесниците како би имале можност за последни сугестии пред тој да биде во својата конечна форма.

Оваа работилница беше реализирана во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.