Работна средба за програмата Човекови права и демократија

Во рамките на проектот за институционална поддршка, финансиран од програмата CIVICA Mobilitas реализиравме серија на активности кои придонесоа за јакнење на организацијата, а исто така придонесоа и за зголемување на влијанието во локалната средина. За таа цел на 30.08.2017 година во просториите на “Фондацијата за подршка и развој” во Прилеп беше одржан состанок на кој присуствуваа 26 претставници

Во рамките на проектот за институционална поддршка, финансиран од програмата CIVICA Mobilitas реализиравме серија на активности кои придонесоа за јакнење на организацијата, а исто така придонесоа и за зголемување на влијанието во локалната срединa.

За таа цел на 30.08.2017 година во просториите на “Фондацијата за подршка и развој” во Прилеп беше одржан состанок на кој присуствуваа 26 претставници од здруженија од Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево како и од јавните институции и тоа од: Основен суд – Прилеп, Полициска станица – Прилеп, Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп, Детски градинки „Наша иднина“ – Прилеп, Меѓуопштински Центар за социјална работа – Прилеп, Здравствен дом Прилеп, Градска болница “Борка Талески“ – Прилеп и медиуми.

На средбата беше презентирана програмата за Човекови права и демократија, беа презентирани и реализираните проекти од истата за изминатите 20 години, а се отвори и широка дискусија за оваа програма со цел за нејзино ревидирање и унапредување.

Оваа средба донесе конкретни предлози за дополнување на нашата програма и отвори нови можности за идни заеднички активности и проекти со јавните институции и здруженијата.

 

 

DSC00975

 

DSC00969

 

 

 

 

  

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.