Ревидирани програми и нов стратешки план

Во годината кога Центар за граѓанска иницијатива одбележува 20 години успешна работа реализира низа активности за одбележување, но уште повеќе за ревидирање на сопствената работа и документи. Во текот на годината за трите програми на ЦГИ: Човекови права и демократија, Развој на НВО сектор и Унапредување на работата на ЕЛС и ЈА беа организирани три посебни средби со конституенти на кои се разгледуваа актуелните програми 

Во годината кога Центар за граѓанска иницијатива одбележува 20 години успешна работа реализира низа активности за одбележување, но уште повеќе за ревидирање на сопствената работа и документи. Во текот на годината за трите програми на ЦГИ: Човекови права и демократија, Развој на НВО сектор и Унапредување на работата на ЕЛС и ЈА беа организирани три посебни средби со конституенти на кои се разгледуваа актуелните програми и планирањата за новите. На секоја од овие средби имаше низа на предлози за измени и дополнувања, затоа се организираше и четврта работилница на која имаше претставници од јавни институции, други здруженија, медиуми, граѓани и членови на ЦГИ.  На средбата беа презентирани трите програми со посебен акцент на промените кои  беа  направени како резултат од работните средби. На средбата уште еднаш се коментираа новите предлози, нивната важност за локалните средини, можноста за реализација и потребните средства.Во програмите се вклучени потребите на локалните заедници и институции со што работата на ЦГИ во иднина ќе биде според потребите на локалните средини и граѓани. Состанокот заврши со поддршка на сите направени промени, со договор со некои од присутните за одделни средби и помош од истите при подготовка на нови проектните апликации кои ќе бидат посветени на детектираните проблеми и потреби.

 Покрај средбите со конституентите, последните месеци тимот на ЦГИ имаше интензивни средби со граѓани во пелагонискиот регион на кои ја проверуваше својата препознатливост, но секако и потребите на локланото население.

Средбите со конституентите и граѓаните беа добра основа за подготовка на нов стратешки план на организацијата. Во процесот на Стратешко планирање на организацијата се користеа резултатите од средбите со конституентите и граѓаните, а на крај се организраше работилница која ја водеше експерт која заврши со конкретизиран Стратешки план на ЦГИ за периодот 2018-2022 година.

 

  revidirani 1

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.