Search
Close this search box.

Семинар за градење на партнерства преку стратешко планирање

Текот на семинарот имаше неколку компоненти и тоа: вмрежување; анализа за одредување на заедничките проблемии нивни решенија; поставување на заеднички приоритети; едукативна презентација за стратешко планирање; SWOT анализа; пронаоѓање на заеднички мисија и цели; поставување на насоката и темелите за заедничка стратегија…

  Овоштарите од прекуграничниот проект „Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II“ помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансиран од страна на Европската Унија, учествуваа на семинар за градење на партнерства преку стратешко планирање.

  Текот на семинарот имаше неколку компоненти и тоа: вмрежување; анализа за одредување на заедничките проблемии нивни решенија; поставување на заеднички приоритети; едукативна презентација за стратешко планирање; SWOT анализа; пронаоѓање на заеднички мисија и цели; поставување на насоката и темелите за заедничка стратегија.

  Најпрвин беше процесот на вмрежување помеѓу овоштарите од двете земји. Бидејќи повеќето од нив веќе се познаваа од некои претходни активности од проектот, беше многу лесно да се постави амбиент за заедничка работа и размена на искуства и контакти. Преку анализа се одредија проблемите со кои се соочуваат, кои од нив се заеднички за двете страни и на кој начин можат заеднички да се решат. Оваа анализа помогна за одредување на приоритетите на кои понатаму ќе треба заеднички да се насочат. Еден од најважните делови на семинарот беше сликовита презентација на тема стратешко планирање. Од оваа презентација овоштарите научија што е тоа стратешко планирање, на кој начин може да се донесе еден стратешки план и како успешно да се реализира. Потоа следуваше уште еден пример на анализа за споредување на заедничките јаки страни, слаби страни, можности и закани, така наречена SWOT анализа. Исто така со оваа анализа се формираја заеднички мисија, цели, односно се поставија насоката и темелите на една стратегија која овоштарските друштва заеднички ќе јакомплетираат и реализираат.

 

 

{gallery}CBC_MK-AL_2017/Partnership_Building-Seminar{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.