Search
Close this search box.

Сеопфатна акција против тортура

На 06.07.2018 година, во просториите на Хотел Континентал во Скопје, се одржа првиот информативен состанок во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“. На реализација на овој проект работи Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш, а  проектот е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Република Србија

На 06.07.2018 година, во просториите на Хотел Континентал во Скопје, се одржа првиот информативен состанок во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“. На реализација на овој проект работи Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш, а  проектот е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Република Србија.Со овој проект се има за цел да се придонесе за ефикасно спречување на тортура, борба против неказнивост и заздравување од последиците од тортурата на Балканот.

На оваа средба присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, Центри за социјална работа, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител и адвокати. Воведните обраќања на средбата ги имаа Гоце Тодороски – извршен директор на ЦГИ, кој ја претстави организацијата, проектот, нејзините цели и планираните активности и претставникот на канцеларијата на Европската делегација од Србија во Белград, г-дин Чизмечиоглу Екмел.

Пред присутните беше презентиран проектот, проектните активности а, посебено активностите кои ќе се реализраат во Македонија. Посебен акцент беше ставен на формирањето на Коалицијата на НВО, подготовката на стратегија за застапување за имплементација на препораките на ОН и отворање на центар за рехабилитација на жртви на тортура во Македонија. А беа презентирани препораките од третиот периодичен извештај за Република Македонија од страна на Комитетот против тортура од мај 2015 година.

На самата средба присутните НВО пријавија интерес за вклучување во Коалицијата на НВО. Потоа присутните ги презентираа искуствата од досегашната работа на граѓанските организации во делот на спречување на тортура и соработката со институциите и се договорија уште серија на средби кои би се реализирале во втората половина на оваа година.

 

\\

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.