Соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа за превенција и помош на жртви на родово базирано насилство

Во склоп на проектот Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани ги продолжуваме редовните средби со претставниците на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа во насока на превенција и помош на жртви на родово базирано насилство.

Во склоп на проектот Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани ги продолжуваме редовните средби со претставниците на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа во насока на превенција и помош на жртви на родово базирано насилство.

Во текот на 2019 година соработката ќе се продлабочи во насока на обезбдување на дополнителна психолошка поддршка на жртвите на родово базирано насилство и нивните семејства при што психологот ќе одржува бесплатни психолошки сеанси со жртвите кои ќе бидат реферирани од страна на мулти секторискиот тим при Центарот за социјална работа.

Дополнително на тоа, правниот советник на Центар за граѓанска иницијатива ќе им обезбедува дополнителна правна помош на жртвите на родово базирано насилство.

На средбата одржана на 13.02.2019 во просториите на Центарот за социјална работа беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу нашите институции.

На средбата беа присутни и претставниците на Службата за Пробација од Прилеп со кои истовремено беше договорено соработка во насока на правна и психолошка помош на лицата кои ја издржале затворската казна, а се сочуваат со проблеми поврзани со лична документација и повторна ресоцијализација во општеството.

 

 

{gallery}GER_GBV_PP-DL/Sorabotka_so_CSR{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.