Состанок со мулти-секторски стручен тим

 Во канцелариите на Центарот за граѓанска иницијатива беше одржан состанок со мулти-секторскиот тим за целите на новиот проект кој што започна во јуни со наслов ,,Акции против родово базирано насилство во рурална средина Долнени” финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија Скопје.

Овој тим е формиран во рамките на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и е составен од 3 члена.

 

Во канцелариите на Центарот за граѓанска иницијатива беше одржан состанок со мулти-секторскиот тим за целите на новиот проект кој што започна во јуни со наслов ,,Акции против родово базирано насилство во рурална средина Долнени” финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија Скопје.

Овој тим е формиран во рамките на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и е составен од 3 члена и тоа претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, претставник од ЈЗУ Здравствен дом, и претставник од Полициска станица.

На состанокот се дискутираше за проектот, неговите активности и мерки. Членовите на мулти-секторскиот тим покажаа голем интерес за соработка и нивна помош за успешна имплементација на активностите на проектот како и остварување на неговите цели. Од голема важност беше да се воспостави оваа соработка бидејќи е клучен фактор во борбата против родово базираното насилство. Состанокот заврши успешно со договор за соработка, како и договор за следен состанок.

  

Meeting with Multi Sectoral Team from Municipaloty of Prilep

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.