Search
Close this search box.

Средба во Царев Двор

Во училиштето „Браќа Миладиновци“ во селото Царев Двор во Преспа се одржа средба на заедницата на која присуствуваа жители од 8 места од овој регион на Преспа. На оваа средба присутните беа запознати со проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”, финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол. Се дискутираше за активности и резултатина проектот, за заштитата на животната средина и прeдизвиците кои ги носат климатските промени. Професорката Наташа Здравевска пред присутните зборуваше за климатските промени, елементите на прилагодување, посебно за мерките за прилагодување на земјоделието, за мерките на прилагодување на водните ресурси, шумарството и туризмот. Учесниците ги споделија своите искуства, сознанија и размислувања насочени кон подобрата животна средина во Преспанскиот регион.
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.