На овие средби присуствуваа советници и претставници на медиуми, а имаше и претставници на општинска администрација и граѓански организации. Всушност на овие средби се разговараше за улогата…
Деновиве во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија, се одржаа четири средби на советници и медиуми и тоа во Битола, Ресен, Штип и Велес. На овие средби присуствуваа советници и претставници на медиуми, а имаше и претставници на општинска администрација и граѓански организации. Всушност на овие средби се разговараше за улогата на советниците во пренесувањето информации до граѓаните, но и за улогата на медиумите во пренесеувањето информации. Посебно се разговараше за предизвици со кои се среќаваа советниците восоработката со медиумите и информирање на јавноста.
Во сите општини имаше интерес за соработка меѓу советниците и медиумите.
{gallery}GER_GBV_PP-DL/Sredbi_sovetnici_mediumi{/gallery}