Тренинг процес – Како да го оформите вашето политичко мислење

Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, ги реализира третиот и четвртиот од планираните 4 тренинзи за млади на тема „Како да го креирате вашето политичко мислење“. Со овие тренинзи им се помага на младите при формирањето на 

            Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, ги реализира третиот и четвртиот од планираните 4 тренинзи за млади на тема „Како да го креирате вашето политичко мислење“. Со овие тренинзи им се помага на младите при формирањето на мислењето дали да гласаат и како да одлучат за кого да гласаат.

На овие тренинзи присуствуваат претставници на граѓански организации, млади нови гласачи, претставници на различните етнички заедници во земјата со посебен акцент на балансирана родова застапеност. Учесниците се од десет различни општини од нашата држава.

Овие обуки имаат намера да ја постават основата на трендовите во социјалната промена и ставаат внимание на улогата која промените во политичката средина може да ја имаат на политичкото вклучување и знаење. Пристапот исто така ќе послужи за воспоставување на попријателска политичка средина за да се обезбеди подобро знаeње. Тренинг програмата се користи за зголемување на свесноста за постоечките алатки, методи, практики и правни инструменти за политичкото учество базирајќи се на транспарентни и демократски процеси. Обуката им помага на младите за информирање за можностите за граѓанско учество, за гласачкото право како и за методите и техниките за одредување на приоритети на локално ниво.

На овој тренинг кој се реализира во Битола учествуваат четириесет млади луѓе од десет општини.

 

ЦИВИЛ Медиа

 

{gallery}Zivik/Training_process_How_to_form_your_political_opinion{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.