Search
Close this search box.

Тркалезни маси

Граѓанските организации и неформалните групи на граѓани да ја подобрат соработката со медиумите од една страна, а медиумите да имаат точно и навремено информирање од друга страна беше целта на тркалезните маси кои ги организиравме во рамките на проектот…

Граѓанските организации и неформалните групи на граѓани да ја подобрат соработката со медиумите од една страна, а медиумите да имаат точно и навремено информирање од друга страна беше целта на тркалезните маси кои ги организиравме во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија. Имено досега се реализирани 5 (од планираните 10) тркалезни маси и тоа во Прилеп, Велес, Штип, Крушево и Долнени на кои се сретнаа претставници на граѓански организации, локални самоуправи, јавни институции како Центри за социјална работа, специфични групи (жени, гласачи за прв пат, студенти) и локални новинари и локални медиуми.

За одбележување е вклученоста на новинари од локалните средини и нивната презентација на предизвиците со кои се среќаваат при креирањето на веродостоен новинарски текст и како ги преминуваат истите. Новинарите на присутните на средбите им поделија и совети за добрата комуникација со медиумите, успешното обраќање кон целната група и успешно организирање на медиумски настани.

На овие средби имавме претставници од различни медиуми како локални телевизии, дописници на национални телевизии, уредник на единственото рурално радио во државата, локални радија и веб страни.

За одбележување е дека впечатокот на присутните за брзината и довербата на кон медиумите во сите средини е ист. За најбрзи и најмасовни ги доживуваат социјалните мрежи и веб порталите, а како медиум кон кого имаат најголема доверба се весниците.

 

{gallery}Round tables{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.