Вклучување на млади во активностите “ПРЕСПА”

Деновиве во просториите на Општина Ресен и Општина Девол се одржаа работни состаноци со цел вклучување на училиштата во дел од активностите за заштита на животната средина и водите на Преспанското Езеро во согласност со ЕУ стандардите.

На овие состаноци учествуваа претставници од училиштата од општините Ресен и Девол на кои присутните се запознаваа со целите, активностите и резултатите на проектот преку кратка презентација.

Во иднина, во склоп на овој проект ќе се одржи кампања и камп за заштита на животната средина во кои ќе бидат вклучени ученици од двете општини и ќе имаат можност да ја искажат својата креативност и со тоа да придинесат за заштита на животната средина преку креирање на видеа, организирање на акции, изработка на цртежи, стихотворби, еко патроли.

Овие работни состаноци беа реализирани во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европската Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.