Search
Close this search box.

„Во наши раце“ Еко кампања

Како дел од нашите проектни активности, ние ставивме висок приоритет на поддигањето на свеста, а посебно на нивото на најмладите, нашата иднина, децата. Оваа еко кампања беше реализирана со помош на основните училишта. Учениците беа тие кои на луѓето од Преспа и Корча регионите им покажаа дека…

  Како дел од нашите проектни активности, ние ставивме висок приоритет на поддигањето на свеста, а посебно на нивото на најмладите, нашата иднина, децата. Оваа активност е дел од проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II“ финансиран од Европската Унија. Еко кампањата беше реализирана со помош на основните училишта. Учениците беа тие кои на луѓето од Преспа и Корча регионите им покажаа дека животната средина е во наши раце, дека мора да се храниме здраво, дека мора да ги чуваме нашите улици чисти и да го селектираме отпадот, и дека мора да мислиме на нашата иднина.
  „Еко дрво на животот“, „Селектирај го отпадот“, „Зона здрава храна“, „Материјалите можат повторно да се искористат“ и „Животната средина е од сите, без разлика кој јазик зборуваме“, се дел од активностите на учениците кои се презентираа на денот на завршната конференција каде многу луѓе имаа можност да ги видат.
Оваа еко кампања донесе среќа, спријателување, едукација и свест за заштита на животната средина помеѓу децата, наставниците и возрасните од двете земји.

{gallery}CBC_MK-AL_2017/ECO_Campaign{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.