ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ ОД АВСТРАЛИСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД ВО ПОСЕТА НА ЦГИ

На 30.10.2024, Центар за граѓанска иницијатива беше посетен од Филип Г. Андерсон, Заменик амбасадор во Амбасадата на Австралија за Србија, Северна Македонија и Црна Гора во Белград и Почесниот конзул, Зоран Костовски. На средбата со тимот на Центар за граѓанска иницијатива беа запознати со работата и резултатите  на организацијата во изминатите 27 години, а потоа и со резултатите од проектот „Таа е моќна“ кој го реализиравме во периодот  25.03 – 25.07.2024 со поддршка на  Австралиската амбасада во Белград. Овој проект придонесе за зајакнување на маргинализираните рурални жени и девојки кои живеат на територијата на Општина Долнени. Беше спроведена проценка на потребите од страна на истражувач кој разви методологија за да се оценат капацитетите на невработените жени и девојчиња наспроти можностите на општинскиот и бизнис секторот и се реализираше серија на обуки за оваа целна група. Потоа се обезбеди и соработка со бизнис секторот и ангажирање на девојките кои ги посетуваа обуките.

Заменик амбасадорот Филип Г. Андерсон и Почесниот конзул Зоран Костовски со тимот на ЦГИ беа во посета на Општина Долнени, каде беа запознати со состојбата во општината, нејзините потреби и планови, а разговара и за соработката со Центар за граѓанска иницијатива и реализацијата на проектот „Таа е моќна“. На средбата во Општина Долнени гостите од австралиската амбасада разговараа со Г-ѓа Ајше Муаремоска-Топалоска, раководител на Одделение за јавни дејности во Општина Долнени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.