Заврши проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина – фаза II“

Проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина – фаза II“ со своите активности заврши на 14,11,2019 година. После двегодишната реализација активностите зад себе оставија успешно влијание за заштита на животната средина, воспоставена е соработка на регионите Преспа во Северна Македонија и Корча во Албанија и едуцирани и мотивирани земјоделци и ученици за…

 

       Проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина – фаза II“ финансиран од Европската Унија, со своите активности заврши на 14,11,2019 година. После двегодишната реализација активностите зад себе оставија успешно влијание за заштита на животната средина, воспоставена е соработка на регионите Преспа во Северна Македонија и Корча во Албанија и едуцирани и мотивирани земјоделци и ученици за заштита на животната средина и здрава храна.

Моментно регионите на Преспа и Корча се покриени 100% со Агро метеоролошките станици и воспоставениот систем за информирање, односно пораки кои ги добиваат земјоделците за тоа кога треба да ги прскаат овошките. Пораките кои стигнуваат до земјоделците помогнаа овоштарите да прскаат 9 пати помалку отколку пред да биде функционален системот за информирање. Така од поранешните 23 сега намалиле на 14 прскања на овоштарниците годишно.

Во духот на заштита на животната средина во двата региони беа доопремени две агро хемиските лаборатории и на истите им беа набавени почвените анализатори за работа и на терен. Овоштарите прифатија прво да направат анализа утврдувале со што треба да ја прихрануваат почвата односно што е она што и недостасува. За време на реализацијата на овој проект направени се 295 анализи, и тоа веќе станува практика на овоштарите.

Проектот промовира нов начин на прихранување – фертилигацијата, а истиот беше оценет како многу практичен и ефикасен. Имено користејќи го овој апарат преку системот за наводнување, капка по капка, овоштарите заштедуваат време, имено повеќе не користат време за прихранување на овошките сега сето тоа функционира преку системот, а од друга страна ја заштитуваат животната средина бидејќи прихранувањето на почвата се врши наменски – таму каде што е потребно во почвата , а не на целата површина и конкретно со тоа што и недостасува на почвата.

Овој проект на овоштарите им донесе нови применливи искуства. 22 овоштари од двата региони посетија региони низ Европа кои се занимаваат со овоштарство, имаа пренесување на искуства од професионалци, но и средби со овоштари од тие региони. Впечатоците се од посетените современите овоштарници во Словачка и Унгарија и донесените нови информации.

За заштита на животната средина да биде пракса на живеењето беа вклучени и најмладите. Имено беа вклучени деца од 5 основни училишта од регионот на Преспа и 10 од регионот на Корча. Децата кои беа вклучени во проектот изградија еко градини, во кои самите организираа систем на производство на здрава храна, имаа свои еко патроли за заштита на животната средина, а на истите им беа одржани серија на предавања за заштита на животната средина. Она што беше посебно интересно за учениците беа организираните Еко квизови. Во секое од училиштата беа формирани тимови од по 3 ученици кои се натпреваруваа меѓу себе. А победниците учествуваа на заедничкиот Еко квиз кој се одржа во ОУ Гоце Делчев во Ресен.

Повеќе од 30.000 граѓани од населението на територијата на преку граничната област имаа корист од проектните активности кои беа наменети за подобрување на животната средина, намалување на користењето на ѓубрива кои се сметат како еден од главните фактори за загадувањето. Покрај учесниците во проектот, најмалку 200 земјоделци кои работат околу сливот на Преспанското езеро и регионот на Корча, беа директно опфатени од проектните активности во секторот на одржливо земјоделство.

 

{gallery}CBC_MK-AL_2017/END{/gallery}

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.