Завршна конференција на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”

На 9 октомври во салата на Општина Девол во Албанија  се одржа завршната конференција од проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Здружение Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Пред полниот салон беше кажано дека успешно заврши овој проект кој донесе успешно наместени канализациони мрежи и пречистителни станици и тоа во Долно Перово во Општина Ресен во Северна Македонија и во Шуец, Ракитцки и Заградец во општина Девол во Република Албанија.

– Ова се инвестиции кои директно влијаат врз животот на овие граѓани, но и за заштита на животната средина. Се надевам дека оваа соработка и ваквите проекти ќе продолжат и во иднина, веќе се познаваме меѓу себе и имаме нови пријателства. Во општината Девол сме благодарни за успешното завршување на овој проект – рече градоначалникот на Општина Девол Едуард Дуро.

– Нашата Преспа е уникатен регион, а Преспанското езеро е фактор на обединување меѓу три држави. Со заедничка соработка имаме обврска да го зачуваме Преспанското езеро. Овој проект е само уште еден чекор да го заштитиме Преспанското езеро. Ми претставува задоволство што затвораме еден успешен проект и се надевам дека ќе имаме многу вакви проекти во иднина – рече претставникот на Општина Ресен на овој настан Крсте Мицалевски, раководител на Одделението за локален економски развој  и прекугранична соработка.

На завршната конференција пред полната сала беше презентиран проектот од неговиот почеток до неговиот крај, со низа на фотографии, видеа и бројки. Беше презентиран процесот на изградба на канализационите мрежи и пречистителни станици, пренесувањето на искуства од една општина во друга, заедничката подготовка на Акционен план за управување со онлајн системот и пречистителни станици во општините Ресен и Девол, Мобилна апликација која ги презентира резултатите од сензорите кои го мерат сработеното во пречистителните станици и уште многу други активности.

На конференцијата се обратија и други кои сакаа да го поделат своето позитивно искуство со луѓето во салата како директорот на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ – Ресен, Марчел Русу и претставникот на општина Девол Remzi Kutrolli.

Завршната конференција заврши со договор за следни заеднички активност и проекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.