ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА Проект: Програма за социјални станови за Роми во Кичево

Во рамките на Проектот: Програма за социјални станови за Роми во Кичево, реализиран од Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп во партнерство со Општина Кичево, на ден 30.09.2024 година во просториите на Совет на Општина Кичево се одржа завршна конференција.  На конференцијата учестуваа претставници од граѓански организации, бизнис сектор, јавни институции и претставници на Совет на општина Кичево.

Претставникот на ЕУ ја поздрави реализацијата на овој проект и дополни дека ЕУ и во минатото, но и понатаму ќе продолжи да поддржува вакви проекти.

Претставникот на Министерство за труд, демографија и млади изјави дека изградбата на социјални станови за Роми е од особено значење за подобрување на животниот и општествен стандард на Ромите.

Во рамките на проектот беа вклучени 150 Ромски семејства, вработени во Општина Кичево, ЈУ Центар за социјална работа Кичево и граѓански организации.

На Конференцијата беше презентирано и промотивно видео во кое беа прикажани проектните активности и резултати – процесот на одбрани 30 семејства и вклучени во програмата за социјални станови и изградените станови во областа (Ивани дол)

Проектот е во согласност со Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија 2014-2020, која е насочена кон 5-те најважни сектори за ромската заедница и тоа: вработување, образование, домување, здравство и култура.

Со реализација на овој проект е решен станбениот проблем на најмалку 30 ромски семејства во Кичево.

Проектот е дел од ИПА II програмата, финансиран од Европската Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.