Здружените сили за заеднички интереси одржаа обуки за граѓанскиот сектор и општинските работници на 3 различни теми: застапување преку преговори засновани врз интереси; наоѓање на факти, анализа на податоци и истражување; и разрешување на конфликти преку кружни процеси. Поддршка кон имплементацијата на нивните проектни активности беше главната цел на овие обуки…
Здружените сили за заеднички интереси одржаа обуки за граѓанскиот сектор и општинските работници на 3 различни теми: застапување преку преговори засновани врз интереси; наоѓање на факти, анализа на податоци и истражување; и разрешување на конфликти преку кружни процеси. Поддршка кон имплементацијата на нивните проектни активности беше главната цел на овие обуки…
Првата тема, разрешување на конфликти преку кружни процеси, беше опфатена во две 3 дневни обуки во средината на октомври 2016 и крајот на октомври 2017 година во градот Охрид. За време на овие 6 дневни обуки, учесниците се запознаа со методот на кружни процеси кој е метод за разрешување на интерперсонален конфликт што може да се искористи во различни околности, а исто така и во мулти етнички заедници за надминување на разликите и идентификација на заедничките интереси преку метод каде сите учесници, без разлика на нивната позиција и статус, години или искуство, се сметаат за луѓе од иста важност со еднаков глас. Учесниците го изразија нивното задоволство од имплементираните обуки.
Втората тема, наоѓање факти, анализа на податоци и истражување, беше опфатена во две 3 дневни обуки кон крајот на октомври 2016 и во почетокот на октомври 2017 година во градот Охрид. Во рамките на овие 6 дена, експертот ги пренесе своите занења користејќи ги пристапите обука за обучувачи и учење преку правење.Општите заклучоци од обуката беа дека знаењата за употреба на различни алатки за откривање факти и свеста за важноста на јавноста во процесот на пронаоѓање факти и анализа на податоците беа зголемени. Експертот спроведе евалуација за обуката, што резултираше со големо задоволство од учесниците.
Третата тема, застапување преку преговори засновани врз интереси, беше исто така опфатена во две 3 дневни обуки во почетокот на ноември 2016 и средината на септември 2017 година во градот Охрид. Учесниците ги зголемија нивните сфаќања и развијаа способности за застапување за да стимулираат активности од локалната заедница за учество во процесите на донесување на одлуки засновани врз интереси. Специфичните цели на обуките беа да се дефинира главниот проблем во заедницата, да се дефинираат заедничките интереси на заедницата, да се дефинира стратегија за создавање на мислења и влијаење врз јавноста, евалуација на мислењата и креирање на план за мерки на застапување.
Обуките го зголемија знаењето на учесниците, нивната свест за важноста на заедничките интереси за сите заедници и се воспостави базен од 110 членови од менторски организации и локални самоуправи способни за поддржување на партнерствата помеѓу граѓанскиот сектор и донесувачите на одлуки, како и поддржување на меѓуетничките заеднички интереси.
{gallery}Joint_Forces_for_Common_Interests/Training_jointforces{/gallery}