Консултантство и услуги

Консултанство и услуги

Во своето дваесет и шест годишно работење ЦГИ давал свои конуслтански и други видови на услуги и обуки на Локални самоуправи, јавни институции, здруженија на граѓани, фондации и др. 

Во палетата на услуги на ЦГИ се:

– Менторски услуги на здрженија на граѓани

– Подготовка и спроведување на истражувања

– Изработка на студии

– Водење на процес на подготовка на проектни апликации

– Услуги за имплементација на проекти

– Водење на процес за подготовка на програми

– Подготовка на стратегии 

Примери од досегашната работа:

– Менторски услуги: Утврдување на состојба и потреби на здрженија на граѓани, како проценка и самопроценка на организацијата, развојни приоритети, помош во креирање на документи на здруженијата како стратегии, правилници, програми и сл. (Таксо;)

– Истражувања за потребите на проекти на ЦГИ и тоa за човекови права, здравје, јавна администрација, услови за домување и сл.

– Изработка на студии: Анализа на состојбата во областа на домувањето на Ромите во Прилеп, Штип и Чаир (Хабитат)

– Услуги на локални самоуправи во подготовка и реализација на проекти: Новаци, Кривогаштани, Прилеп

– Услуги за имплементација на проекти: Општина Новаци, јавни институции

– Подготовка на програми и акциони планови: Акционен план за населбата Тризла 2, Младински акционен план, Локален план за акција за правата на децата, Акциски план за социјално загрозени лица, (Прилеп, Кривогаштани, Долнени и др.)

– Подготовка на стратегии: Стратегија за климатски промени- Прилеп и Кривогаштани