За кого го правиме сето ова...

Нашиот приоритет е секогаш заедницата.

Децата и младите

– Почнувајќи локално, како граѓанска организација, примарно ги идентификувавме децата и младите како најважна нај ранлива и група која има најмногу потреба од структурирано водство која може да донесе промена во општеството. Нашата работа е посветена на нивно образование за човекови права, демократија, граѓанско општество, обезбедувајќи им алатки и разбирање на правата и обврските на луѓето во нивниот пат кон развојот. Ги поддржуваме да преземаат акции во заедницата организирајќи дебати, кампањи, креативно пристапување кон проблемите и меѓусебно пренесување на занења. Ги поддржуваме во обезбедување на вештини за разрешување на конфликти, разбирање на културните различности и надминување на траумата преку разбирање на приказните за непријателот и културните аспекти на траумата. Контунуирано работиме на поддршка на малолетниците во поправните домови со цел да се спречи нивно повторно враќање како и нивна регенерација во општеството.

Жени

– Еднаквите можности како една од основните вредности е втемелена во нашата работа со жените како ранлива група во нашето општество. Имајќи го во предвид патријахално-традиционалното општество на Балканот каде се застапени стереотипите и предрасудата, на жените им е потребно ослободување на нивните умствени способности за да станат независни и да имаат значаен глас во општеството.

Маргинализирани групи

– Инклузија на маргинализираните групи во општеството е една од основните цели на кои што постојано работиме со нивно директно поддржување преку програмата за човекови права и индиректно преку граѓанските организации и институциите кои ги имаат овие групи како цел.

Целни групи

– Деца и тинејџери

– Наставници и професори во училиштата

– Популацијата

 

Граѓански организации

– Од локална организација ние прераснавме во организација која делува во земјата и во регионот, континуирано работиме на поддршка и менторство на нови организации помагајќи му да се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат при остварување на нивните специфични цели.

Јавна администрација и Владини институции

– Ја идентификувавме потребата за помош и поддршка на работата на локaлната самоуправа и јавниот сектор, и истовремено ги идентификувавме потребите за создавање на комуникација помеѓу граѓаните и вработените во администрацијата.