Центар за граѓанска инцијатива има проект за институционален развој во рамките на програмата на Цивика Мобилитас- проект од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), спроведуван од НИРАС од Данска, Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.
Центар за граѓанска инцијатива има проект за институционален развој во рамките на програмата на Цивика Мобилитас- проект од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), спроведуван од НИРАС од Данска, Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведскa.
Оваа програма овозможува финансиска поддршка за институционален развој и организациско јакнење на граѓанските организации. А Центар за граѓанска иницијатива ова година имаше можност за развој и унапредување на сопствената работа, програма и членство имајќи ја поддршката од оваа програма.
Во рамките на овој проект нашата организација ја посети тим предводен од г-ѓа Валентина Чичева која е Национален проектен координатор во Цивика Мобилитас. На работната средба се разговараше за работата на организацијата и постигнатите резултати во 2017 година со посебен акцент и на активностите кои се дел од проектот за институционален развој односно за соодветно спроведување на планираното.