Во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ кој е финансиран од ifa/Zivik Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп реализира истражување во 10 општини во нашата
Во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ кој е финансиран од ifa/Zivik Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп реализира истражување во 10 општини во нашата држава во кое се опфатени, интервјуирани 500 граѓани.
Целта на ова истражување е преку утврдена методологија да се направи проценка на капацитетот на граѓаните преку нивното познавање на документите за граѓанско учество во одлучувањето, нивната мотивација за вклученост во демократскиот процес и перцепцијата на објективноста на медиумите во известувањето.
Резултатите од направената анализа ќе бидат основа тимот на ЦГИ со експерти да подготви Водич за политичко учество. Целта на овој Водич е да ја крене свеста и знаењето за политичкото учество. Водичот претставува обука со правци и идеи за алтернативни форми на учество. Резултатите од истражувањето и водичот ќе бидат промовирани оваа есен на средби низ општините каде ќе се реализираат активностите од овој проект, а Водичот ќе биде достапен и на веб страната на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.