Search
Close this search box.

Капацитетно оценување и Водич за политичко учество

Во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ кој е финансиран од ifa/Zivik Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп реализира истражување во 10 општини во нашата

Во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ кој е финансиран од ifa/Zivik Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп реализира истражување во 10 општини во нашата држава во кое се опфатени, интервјуирани 500 граѓани.

Целта на ова истражување е преку утврдена методологија да се направи проценка на капацитетот на граѓаните преку нивното познавање на документите за граѓанско учество во одлучувањето, нивната мотивација за вклученост во демократскиот процес и перцепцијата на објективноста на медиумите во известувањето.

Резултатите од направената анализа ќе бидат основа тимот на ЦГИ со експерти да подготви Водич за политичко учество. Целта на овој Водич е да ја крене свеста и знаењето за политичкото учество. Водичот претставува обука со правци и идеи за алтернативни форми на учество. Резултатите од истражувањето и водичот ќе бидат промовирани оваа есен на средби низ општините каде ќе се реализираат активностите од овој проект, а Водичот ќе биде достапен и на веб страната на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

 

ЦИВИЛ Медиа

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.