Координатор на Регионален центар за млади

Евгенија Јорданоска го раководи „Регионалниот центар за млади“ во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

            Евгенија Јорданоска го раководи „Регионалниот центар за млади“ во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата фаза 2“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија.

            Овој центар всушност е на располагање на младите од 10 средни училишта вклучени во проектот, но пред сѐ на младинските групи од Пелагонискиот регион. „Регионалниот центар за млади“ е сместен на ул. Димо Наредникот бб. (зграда Ерик) во Прилеп.

            Што всушност претставува овој Регионален центар и која е неговата цел?

Регионалниот центар за млади е активност во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедницата фаза 2“. Овој центар ќе претставува иницијатор, но и место за младите да можат да се сретнат, да ги споделат своите идеи и да развиваат иницијативи. Младинскиот центар ќе им помага на младите во согласност со нивните потреби, да организираат различни активности како: уметнички активности, дебати, дискусии, музички активности, активности за животна средина и тн. Едноставно овој центар е промотор и подржувач на младинскиот активизам.

            Како го оценувате интересот на младите за соработка и заедничко организирање на активности?

Младите покажуваат интерес за вклучување во проектот и за користење на услугите на центарот. Она што посебно ми се допаѓа е нивниот ентузијазам и големото ниво на соработка. Младите имаат многу идеи и иницијативи за соработки со цел да направат промена во своите општини. Тие реално гледаат на сосотојбите во својата средина и вршат приоретизирање на нивните потреби со што ги покажуваат и елементите на социјална одговоросност и активност во локалната средина.

Како младите можат да стапат во контакт со Регионалниот центар?

Регионалниот центар е секојдневно достапен за младите. Младите можат во секое време да се јават на телефонскиот број на Центар за граѓанска иницијатива – 048 400 480, како и на е–маил адресата [email protected].

            Што очекувате во иднина од функционирањето на центарот?

Очекувам центарот да станува се поискористен и повеќе вклучен во активности на средношколците и нивните училишта. Центарот да биде поддржувач и промотор на младинскиот активизам од една страна, а од друга страна место на кое ќе се вклопат многу нови пријателства и партнерства меѓу младите од средните училишта кои се вклучени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.