Search
Close this search box.

Програма за социјални станови за Роми во Кичево

Информации за имплементацијата на проектот Програма за социјални станови за Роми во Кичево“ финансиран од Европска Унија…

 

Имплементација на проектот „Програма за социјални станови за Роми во Кичево“.

 

Временска рамка: 01.01.2021 до 31.12.2023

 

Финансирано од: Европска Унија

 

Локација на проектот: Општина Кичево

 

Цел на проектот:

Подобрување на условите за живеење на ромската заедница во Кичево. Ќе бидат избрани најмалку 30 тешко загрозени ромски семејства кои ќе бидат сопственици на новоизградените социјални станови.

 

Планирани активности:

     – Развој на пилот програма за социјално домување на ромската заедница;

     – Активирање на засегнатите страни (бизнис секторот, локалната самоуправа, Министерство за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа) за поддршка на реализирање на проектот;

     – Јавен повик за аплицирање на програмата, кој ќе се овозможи преку информирање на ромската заедница од страна на локалните медиуми;

     – Правна помош на ромските семејства за аплицирање и снабдување со потребните документи за програмата;

     – Процес на избор на директни корисници за програмата;

     – Градење на социјалните објекти;

     – Поддршка при преселување на избраните семејства во новоизградените станови.

 

 

Со реализација на овој проект ќе биде решен станбениот проблем на најмалку 30 ромски семејства во Кичево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.