Центарот за граѓанска иницијатива во реализација на проектот за институционална поддршка, финансиран од програмата CIVICA Mobilitas реализира активности кои придонесуваат за јакнење на организацијата, а исто така и за зголемување на влијанието во локалната средина.

За таа цел на 29.03.2017 година во просториите на Фондацијата за подршка и развој беше одржан состанок на кој присуствуваа 24 претставници од здруженија на граѓани од Пелагонискиот регион.
На средбата беше презентирана Програмата за развој на граѓанскиот сектор по која работи ЦГИ, а потоа беше направена СВОТ анализа на граѓанскиот сектор во регионот и беа разгледувани потребите на заедницата и секторот.
Оваа средба донесе конретни предлози за дополнување на нашата програма и отвори можности за идни заеднички активности и проекти на секторот.