На средбите присуствуаа земјоделци, жители од околните населени места, претставници од комуналните претпријатија како и претставници од Општините. Презентирани беа главните фактори на загадување предизвикани од човекот…
Во рамките на проектот „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА, програма за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, финансирана од Европската Унија се реализираасредбисо заедницата на територијата на општина Девол, Албанија и општина Ресен, С. Македонија.
На средбите присуствуаа земјоделци, жители од околните населени места, претставници од комуналните претпријатија како и претставници од Општините. Презентирани беа главните фактори на загадување предизвикани од човекот кои ги загадуваат езерата и стандардите и практиките на Европската Унија за заштита на водите.
Присутните се здобијаа со информации за проектот, неговите цели, планираните активности како и посакуваниот ефект кој се очекува да се постигне со имплементацијата на овој проект. Истовремено беа дадени и идеи како уште повеќе да се зголеми подигањето на свест за почиста животна средина.