Втора работилница за развој на прекуграничен акционен план во Ресен

На ден 5.4.2023 година во просториите на Општина Ресен се одржа втората работилница, од планираните четири за развој на прекуграничен акционен план за менаџирање на он лине системот и пречистителни станици на општина Ресен и Девол.

На работилницата учествуваа претставници од општините Ресен и Девол и комуналните претпријатија од овие општини. Учесниците ги претставија своите размислувања за заштита на езерото, се дискутираше за продлабочување на акциониот план и пронаоѓање решенија во согласност со институциите, целните групи и временската рамка.

На развојот на акциониот план на втората работилница експертите ефикасната работа ја организираа во работни групи. Пред групата беа презентирани нови информации за актуелните состојби за и околу езерото, а на оваа работилница беше присутен и претставник на Делегација на ЕУ, Давиде Биксио.

Во иднина ќе се одржат уште 2 вакви средби помеѓу тимовите од Општина Ресен и Општина Девол на кои ќе се надополнува акциониот план според поставената структура на оваа работилница.

Оваа работилница беше реализирана во рамките на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.