Заедно за превенција против родово базирано насилство

На 20 декември во хотел Континентал во Скопје, се одржа конференција на тема „Заедно за превенција против родово базирано насилство“. Оваа конференција всушност е завршна активност од проектот „Акции против родово базирано насилство кај ромски и други маргинализирани заедници“, кој е финансиран од Германската Амбасада во Скопје…

На 20 декември во хотел Континентал во Скопје, се одржа конференција на тема „Заедно за превенција против родово базирано насилство“. Оваа конференција всушност е завршна активност од проектот „Акции против родово базирано насилство кај ромски и други маргинализирани заедници“, кој е финансиран од Германската Амбасада во Скопје.

За одбележување е што на оваа конференција имаше шеесетина претставници од сите краеви на нашата држава и тоа претставници од различни сектори како владини, општински, граѓански, меѓународни организации и медиуми. На оваа средба беа презентирани резултатите кои ги постигна овој проект во изминатата година, а потоа се разговараше и за предизвиците со родово базираното насилство.

На оваа конференција присуствуваше и Katrin FrühinsfeldПрв Секретар Германска Амбасада Скопје, која ја поздрави конференцијата и се обрати до присутните.

Свои обраќања на настанот имаа мр Елена Грозданова, Државен советник за еднакви можности од Министерство за труд и социјална политика, Дејан ТошескиДиректор на Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп, Ајша Муаремоскапретставник од Комисијата за еднакви можности – Општина Долнени, координаторот на проектот и експертите кои работеле со жртвитево рамките на проектот.

Конференцијата донесе размена на искуства на присутните, дискусија за одредени состојби и проблеми со родово базираното насилство во сите свери на живеење и секако заврши со препораки да се продолжи да се работи на полето на помош на жртви од родово базирано насилство, но и да се работи на превенција на родово базирано насилство во делот на работа со млади, кампањи и слично.

 

{gallery}GER_GBV_PP-DL/Zavrsna_konferencija{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.