Search
Close this search box.

Одбележување на 26 јуни Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура

Претставници на Центар за граѓанска иницијатива, на 26 и 27 јуни беа во Белград и Ниш и присуствуваа на активности за одбележување на Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура. Овие активности ги организираа партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш, а кој беа во рамките на проектот „Сеопфатна акција против тортура“ поддржан од Делегацијата на Европската унија во Република Србија.

Меѓународната мрежа за помош ИАН имаше организирано низа активности за одбележување на овој ден во Белград меѓу кои и прес конференција и прикажување на театарска претстава со наслов „Барем да не сум женско“, која е работена според приказна на една од жртвите бегалци на кои помош им пружил ИАН Махбуб Тахери. Следниот ден во „Арт галеријата 55“ во Ниш се одржа концерт на класична музика под наслов „Од исток до запад“, кој всушност беше едно музичко патување од Персија до Балканот преку обработка на народни песни на 12 различни јазици од земји кои во историјата поминале низ бурни воени и историски превирања. Во исто време беше отворена и изложба на дела кои ги изработиле клиентки на ИАН, кои се кориснички на прифатниот центар во Босилеград, Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.