Search
Close this search box.

Национални стандарди на третман во областа на превенција од тортура

Тренингот всушност на персоналот им донесе нови информации и искуства за меѓународни и национални стандарди на третман во областа на превенција од тортура.

 

Во рамките проектoт „Сеопфатна акција против тортура“ кој го реализираме со партнерите од Србија: ИАН – Белград и Центар за човекови права – Ниш, а кој е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Република Србија реализиравме тренинг на тема „Национални стандарди на третман во областа на превенција од тортура“. Овој тренинг се одржа во хотелот Кристал Палас во Прилеп, а беше наменет за дел од персоналот во Затворот во Прилеп.

На тренингот свои излагања имаа адвокатотЗоран Кочоски на темаСтандарди за забрана на тортура и злоупотреба во пракса“, судијата во Основниот суд во Прилеп Јасмина Шишковска Стојковиќ на тема „Правни регулативи на третман од областа на превенција на тортура“ и директорот на Затвор Прилеп Александар ДамескизаУлогата на затворскиот персонал во превенција на меѓу-затворското насилство во затворите

Тренингот всушност на персоналот им донесе нови информации и искуства за меѓународни и национални стандарди на третман во областа на превенција од тортура.

Со проектoт „Сеопфатна акција против тортура“ се има за цел  да се придонесе за ефикасно спречување на тортура, борба против неказнивост и заздравување од последиците од тортурата на Балканот.

Во рамките на овој проект предвидени се низа активности како состаноци, обуки, тркалезни маси со релевантни институции, функционирање на Центар за рехабилитација на жртви од тортура, кој всушност им помага на жртвите од тортура, и други активности во рамките на проектот.

 

{gallery}IAN/Istanbulska{/gallery}

Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp

Related Posts

Get Curated Post Updates!

Sign up for my newsletter to see new photos, tips, and blog posts.